„Ги следам рејтинзите, како што ги следат и сите кои се засегнати од изборниот резултат. Но, главниот рејтинг и бројка ќе ги имаме на денот на изборите“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за ТВ Стар.

Таа додаде дека и минатиот пат, во 2020 година, ВМРО-ДПМНЕ зборуавшше дека според анкетите е многу понапред од СДСМ, но реалноста се покажа поинаква и СДСМ освои повеќе мандати и направи влада.

„Денот на изборите ќе биде и главната анкета. Ова што го гледаме сега, не го земаме здраво за готово. Ќе покажеме дека тие анкети не се точни“ рече Лукаревска.