Соопштение на Левица:

Започнаа зголемувањата на цените на прехрамбените производи како што се лебот и јајцата во Македонија каде лебот ќе биде поскап за 2 до 4 денари додека јајцата ќе бидат поскапи за 5 до 7 денари. Поскапувањето доаѓа во период кога Владата предводена од ДПМНЕ не бомбардира на дневно ниво со НЕБУЛОЗНИ изјави дека економската ситуација е стабилна, а реалната слика е таа дека народот не памти полоши економски услови од моменталните.

Македонија во 35 години на владеење на олигархиските партии ДПМНЕ и СДС не успеа да создаде стабилен систем кој што ќе произведува храна барем онолку колку што на државата и на народот им е потребно поради нивниот начин на КОРУПТИВНО, НЕСИСТЕМСКО и НЕКАДАРНО функционирање за време кога тие се всушност власт. Очигледно е дека сите механизми со кои и ДПМНЕ и СДС љубат да се фалат дека се воспоставени во прехрамбената индустрија и производството на храна, не функционираат. 35 години ги ЦИЦААТ производителите на храна и прехрамбени продукти, се со цел да акумулираат приватно богатство на коруптивен начин.

Поразителен е податокот дека во 2024 година дури речиси 51% од вкупните потрошувачки расходи на македонските домаќинства биле наменети за храна и безалкохолни пијалаци, наспроти просекот од 14,3% во Европската Унија. Ова значи дека македонските семејства трошат огромен дел од својот лимитиран буџет само за да се прехранат и пак остануваат ГЛАДНИ! 

МИЗЕРНО е граѓаните да мораат да одат во маркет и да ги избираат најевтините производи, да се откажуваат од одредени намирници и да ја ограничуваат сопствената исхрана затоа што немаат доволно ПАРИ. 

На ова се натрупува и товарот на лошото и непромислено пресметување на финансиите од страна на ДПМНЕ каде Владата, наместо да планира капитални инвестиции во сектори каде инвестициите би ни донеле еден вид стабилизација на прашањето за храната во државата, тие пари планираат за тотално НЕПОТРЕБНИ работи. На овој товар е дополнително и делот што со ова драстично ќе скокне и потрошувачката кошничка која беше и онака веќе НЕДОСТИЖНА. Ваквата незаинтересираност, некадарност и начин на размислување без решение, сите нас ќе не чини екстремно многу во ваква КРИЗНА зима.

Во ваква кризна состојба, потребни се ИТНИ и ДИРЕКТНИ интервенции! Владата мора веднаш да пристапи кон ограничување на трговските маржи на основните прехранбени производи, најмалку во претстојниот зимски период, со цел да се запре неконтролираното поскапување и профитерството на грбот на граѓаните. Граѓаните не можат да чекаат со месеци додека Владата размислува за решенија – тие денес се соочуваат со сè поскапа храна и сè помалку можности да ги задоволат основните потреби. 

Паралелно со оваа итна интервенција, неопходно е долгорочно зајакнување на домашното производство преку изградба на земјоделска инфраструктура и здружување на земјоделците во задруги. Но првиот чекор мора да биде веднаш: заштита на граѓаните од ценовниот удар!