Секоја жена вложува многу време во тоа косата да изгледа уредно и негувано, особено кога сака нејзината фризура да „остане на место“ цел ден.

Ако надвор е влажно, целиот напор вложен за фенирање или обликување на косата може да падне во вода. Затоа, наместо лак, можете сами да направите спреј.

Не само што ќе обезбеди стабилност, туку ќе и даде опоен мирис и ќе ја нахрани.

Состојки:

еден портокал (за потемна коса) или еден лимон (за посветла коса)

2 чаши дестилирана вода

2-3 лажици вотка или друг безбоен алкохол

6-8 капки есенцијално масло (лаванда или мирис по ваш избор)

Подготовка:

Портокалот (или лимонот) исечете го на парчиња. Потоа ставете ги во вода и ставете ги на шпорет. Гответе додека количината на течност не се намали за половина.

Смесата процедете ја низ газа или подебела крпа, за да останат парчиња овошје. Ако не добиете полна чаша течност, додадете малку дестилирана вода.

Оставете да се излади.

Додадете ги алкохолот и есенцијалното масло и измешајте во посебен сад, а потоа додадете ја процедената течност. Добиениот спреј истурете го во шише со распрскувач.