Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, вечерва гостуваше во емисијата „Колегиум“ на Алфа телевизија, при што дискутираше за резултатите од првиот круг на предвремените локални избори за градоначалник на општина Брвеница, на коишто ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Радичевски освоија огромно мнозинство на гласови и разлика која споредбено со СДС е во однос поголем од 4 спрема 1.
Лефков го коментираше и, како што вели тој, трагикомичниот начин, на којшто СДС го претстави уште еден од низата на нивните изборни дебакли, овој пат во општина Брвеница.
„Очекувано нешто од СДС, иако трагикомично соопштение испратија на јавноста во коешто, практично, нивниот резултат, односно тоа што завршија на четвртото место, наоѓаат најразлични весели математики да го препознаат или да го покажат како раст. Се обидуваат да ја манипулираат јавноста“, рече Лефков и додаде:
„Не знам за кого е наменето, дали за тесното негово партиско опкружување, дали за лојалистите коишто се опкружени околу Венко, за сите други останати, за целата македонска јавност навистина е смешно да излегувате на избори, да барате поддршка од народот, да завршите четврти на избори, да бидете декласирани со 4 спрема 1 и притоа да не ја примите пораката и да немате ниту едно приземно соопштение во коешто барем ќе признаете дека не сте го нашле вистинскиот начин како да комуницирате со граѓаните и сето тоа да го прикажувате како победа“.
Лефков потенцираше дека ваквата реторика на Филипче е позната во јавноста уште од времето кога тој бил министер за здравство и советник на Заев, од времето на набавките на вакцините, а сега само ја продолжува истата таа реторика ширејќи хистерии и тези во јавноста, кои многупати до сега се покажале како невистинити.
„Меѓутоа ако погледнете и се навратите наназад ќе видите дека оваа реторика и ваквиот начин на водење на СДС од страна на Венко Филипче и неколку лојалисти кои се опкружени околу него, па и не се разликува многу од она што се научивме и се навикнавме да го гледаме од Венко од времето кога беше министер и советник на Заев, никаква разлика од тоа како ги набавуваше вакцините, каква реторика имаше во тоа време, каква реторика има како претседател на СДС и сите негови тези коишто до сега се покажаа како невистини, и обиди за ширење на хистерија. Практично секое соопштение по соопштение му паѓаше во вода и беше или исмејувано или дочекувано со бројни аргументи против него и еве за жал продолжува во иста насока“, констатираше Лефков.