„Не можам да судам за коалициите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие кажаа дека ќе имаат коалиција со Левица. И едниот и другиот претседател на партија кажаа дека ќе разговараат за коалиција врз основа на вредности. Ај да ги видиме вредностите – анти-ЕУ, анти-НАТО, проруска Левица која се клања на гробот на Енвер Хоџа. За кои од овие вредности ќе преговараат?“ запраша премиерот Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека за било што од тоа да се договорат е погубно за државата

„Вчера видов дека и партија од соседството ќе учествувала на изборите тука со албанската опозиција. Треба да се види законот за политички партии и избори. Сестрински партии може да се поддржуваат меѓу себе и ние имаме поддршка од социјалдеморкатски партии, но моделот за кои зборуваат не може да биде јасно препознат“ рече Ковачевски.