„СДСМ е модерна, прогресивна партија и единствена политичка сила која може да ја однесе Македонија во подобра иднина. Слушав за идеолошките матрици на партиите и затоа велам одиме во Крушево да има кажеме што е идологијата на СДСМ. Да чујат и за борбата во 1903 и за социјалистот Гоце Делчев и за партизаните и нивни потомци од 1941, да ги видат наследниците на Киро Глигоров, современиците на оние кои ги донесоа одлуките за НАТО и почеток на преговорите со ЕИ и оние со кои Македонија ќе стане члнека на ЕУ. Тоа е идеологија за граѓаните, а не за лажен патриотизам“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Крушево.

Тој додаде дена никогаш и по ниту една цена, СДСМ нема да се откаже од она во што верува и ќе се бори додека не успее тоа да стане реалност.

„Нема да дозволиме никој да ја уназадува државата! Нема да дозволиме никој да си игра со иднината на нашите деца“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ ги повика сите да излезат масовно на изборите на 8 мај и да потврдат дека гласаат за европска иднина.

„На 8-ми мај сите заедно одлучуваме каква иднина ќе градиме за нашите деца и внуци! Нема откажување од иднината! Да живее европска Македонија“ рече Ковачевски.