„Ние ќе формираме влада бидејќи мнозинството граѓани и тоа големо мнозинство, сакаат држава членка на ЕУ, сакаат младите да живеат во државата и сакаат сигурност за сегашните и идните генерации, сакаат извесност во политиките“ рече премиерот Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека другата страна нуди неизвесност, нема алтернатива и рече дека друи и самиот Мицкоски кажува дека во наредните 100 години или можеби никогаш државата нема да е челнка на ЕУ.

„Појасна дистинкција од таа изјава не постои“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека не може да судии за коалициите на ВМРО-ДПМНЕ, но запраша за какви вреднсоти ќе разговараат со Левица која е анти-ЕУ, анти-НАТО, проруска партија која се поклонува на гробот на Енвер Хоџа.