„Јас сум оптимист за изборите, бидејќи на крај на изборите се судруваат концепти. Ние ќе имаме два јасно диференцирани концепта. Едниот е за европска интеграција, другиот е за изолација“ рече премиерот Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека владејчаката коалиција нуди решенија и план за државата како до 2030 година да стане членка на ЕУ, додека од друга страна нема ни план, ни концепт, ни алтернатива.

„Интеграцијата во ЕУ е процес без алтернатива, се друго е политички авантуризам политичко коцкање кое го гледавме 11 години и од кое никој не виде бенефит“ рече Ковачевски.