Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вчера во обраќање на настан организиран од СДММ, порача дека го осудува секој говор на омраза особено ако тоа се однесува на жена.

„Сакам многу јасно да го осудам секој говор на омраза кој е искажан од било кој политичар или било кое лице во државата, особено кон жена и сакам да упатам порака тоа повеќе да не се случува“, рече Ковачевски.

При тоа, Ковачевски посочи дека нема ги коментира навредите од кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, упатени кон него.

„За навредите кои ги има упатено кон мене претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ, нема да прокоментирам ништо, ниту очекувам, ниту барам извинување, од мене ѝ е простено“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Претходно, кандидатката за претседателка Силјановска-Давкова настапи со навреди кон актуелниот претседател Пендаровски и претседателот на СДСМ и екс премиер Димитар Ковачевски.

Од СДСМ во денешното соопштение велат дека Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, па оттука се навредите, коишто не штеди да ги упати кон Пендаровски и Ковачевски.

-Ниските напади за мизогинија, личните дискредитации, навредите за интелектуални капацитети, со кои не може да се гордее ниту еден политичар, само потврдуваат дека кај Силјановска, Мицоски и ДПМНЕ расте паниката од пораз на изборите, најавен уште кога не успеаја да соберат доволно потписи за поднесување на кандидатурата на Силјановска за претседател. Силјановска и Мицкоски немаат што да кажат за програма, план и визија за иднината на државата и на граѓаните, па затоа упатуваат навреди кон Пендаровски и Ковачевски, велат од СДСМ.