Браво момци, покажавте како се брани националниот дрес, порача премиерот Димитар Ковачевски по денешниот натпревар на Македонија со Португалија.

„Одлична игра и пожртвувано до последната минута. Нема за што да жалите, бевте достојни противници на најсилните репрезентации во светот. Ви благодариме што не направивте горди, продолжуваме понатаму. Вашата иднина е светла“, истакна Ковачевски.

Македонија загуби со 2-0 од Португалија во финалето за пласман на Светското фудбалско првенство откако претходно ја победи Италија, а во квалификациите ја порази и Германија.