„Мора политиката да биде надвор од културата. МНТ е една своја посебна приказна. За МНТ пред една година успеавме да добиеме техничка документација. МНТ е објект којшто не е постар од 10 години и пред една година доби свој технички прием“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во нејзиното гостување во „Тема на денот“ на Сител Телевизија.

Таа додаде дека она што како министерство им отежнува да знаат каде точно треба да се врши интервенција за да не се наиде на истите проблеми при секој дожд е тоа што ниту една од фирмите коишто го граделе МНТ веќе не постојат, односно се под стечај. Поради тоа министерството не е во можност да консултура ниту една фирма зошто конкретно при најмал дожд во МНТ има прокапувања.

„Имаме работа со објекти кои се помалку од 10 години стари и коишто сега јавуваат проблеми кои што јавуваат објекти коишто сега доаѓаат на ред за тековно одржување“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.