„Секогаш сум велела дека политиката мора да стои настрана од културата затоа што многу одамна имавме обиди преку културата да се влијае и политички и врз свеста на народот и да се влијае врз носење на одлуки и на крај видовме дека тоа влијание не беше за некое поголемо добро, туку беше само за полнење на џепови на индивидуалци“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во нејзиното гостување во „Тема на денот“ на Сител Телевизија.

Таа подвлече дека политиката одамна е излезена од културата и тоа може да види по случувањата во последните неколку години.

„Културата е слободна да делува и да твори, односно културните работници се слободни да делуваат онака како што сакаат“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.