„На следните избори ќе имаме два многу јасни избори или ќе избереме да бидеме полноправна членка на ЕУ или ќе се вратиме назад. Имаме уште време до крајот на годината да го заклучиме прашањето околу изборите“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во нејзиното гостување во „Тема на денот“ на Сител Телевизија.

Таа подвлече дека уште е рано да се каже кој ќе биде крајниот исход. Се уште не се започнати преговори со опозицијата.

„Во овој момент секоја партија си одлучува во рамките на своите партиски органи. Ние како партија имаме секојдневна комуникација со сите коалициони партнери“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.