„Нема ЕУ да не чека ради една празна формалност, некакви минијатурно малцинство. Ако сме исплашени дека Бугарија ни го краде идентитетот, со признавањето на малцинството правиш разлика мешу мноинзството македонско и малцинството бугарско“рече професорката Катерина Колозова на поткастот „Европски стандарди, популизам и избори“ со вицепремиерот Бојан Маричиќ.

На неа се надоврза и заменик претседателката на Партијата на европски социјалисти, Радмила Шекеринска која додаде дека при претходните промени на Уставот, имало понуда да се внесат Бугарите, која биле одбиена од нивна страна.

„Хрватите и Црногорците бараа да влезат. Сакавме тоа да се случи и викаме да им понудиме и на Бугарите, без услови, како знак на добра волја. Во 2018 година имавме и телефонски консултации, но ни се јавија и ни рекоа ‘не – нашите националисти ќе го сфатат ова дека Бугарите и Македонците се различни народи’. Тоа е всушност нашата теза“ рече Шекеринска.