Новото истражување покажа дека жените размислуваат за секс многу почесто отколку што велат, во просек 18 пати на ден.

Мажите генерално не се срамат да признаат дека сексот често им е на ум. Сепак, жените се двоумат да признаат дека размислуваат за него.

Новото истражување покажа дека жените размислуваат за секс многу почесто отколку што велат, поточно, во просек 18 пати на ден!

Истражувањето го спроведе сајтот за запознавање на оженети луѓе Illicit Encounters и покажа дека во просек жените размислуваат за секс на секои 51 минута, ако се пресмета дека спијат 8 часа на ден.

Вистина е дека мажите почесто размислуваат за секс, бидејќи излегува дека размислуваат за тоа на секои 28 минути.

Истражувањето исто така покажа дека 59 отсто од жените и 49 отсто од мажите редовно фантазираат за секс со својот поранешен партнер.