На 18.02.2022 во 17.00 часот во атар на с.Крапа, општина Македонски Брод, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода А.А.(32) од с.Дебреште, општина Долнени.

При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ без регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва без потребната документација.

Возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.