Во интервју за Слободен печат младиот поет Марко Иван Кочишки зборуваше за неговата прва книга „Зб’рка поезија“

„Книгата се вика „Зб’рка поезија“ за да не биде класичниот назив збирка поезија и ја напишав навистина брзо. Во книгата има 28 поеми, на четири јазици. Сакав да ја направам малку поразлична, затоа што во сите стихозбирки се случува горе доле исто“ рече тој.

Кочишки рече дека во книгата можат да се пронајдат најголем дел од младите луѓе заѕоа што во неа многу се зборува за љубовта, но и за животот во Скопје.

„Во првата поема зборувам за тоа каков човек да се биде, добар или можеби измамник кој е лош, односно за карактерисиките на човекот кои секојдневно се среќаваат низ Скопје“ порача Кочишки.