Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во гостувањето во Телма телевизија кажа дека тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период и нивната реторика се базирани на конструкции и лаги.

-Тие само прават спин за да не дојдеме до суштината, до решавањето на главните прашања. Реториката е позната и сите изјави од изминатиов период се во насока да направат дефокус од суштината. Влегуваме во сериозен процес во кој сите треба да дадеме придонес, без разлика дали позиција или опозиција, кажа Каевски.

Пратеникот рече дека од ден на ден се засилува натпреварот кој во опозицијата ќе биде поагресивен во изјавите и кој повеќе ќе наштети на клучните процеси на државата.

-Секој ден со изјавите гледаме дека Мицкоски е заложник на Апасиев, тие се натпреваруваат. Ние реагираме на изјавите коишто доаѓаат од Левица и ВМРО-ДПМНЕ, кои се натпреваруваат кој повеќе ќе направи штета на процесот. Мицкоски се декларира за-ЕУ, а де факто работи против зачленувањето во ЕУ, рече Каевски.

Тој додаде дека во голем број на општини советниците на Левица даваат поддршка на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, а пратениците на партијата се во координација со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

-За уставните измени исто имате идентични ставови, да не поминат… Левица и ВМРО-ДПМНЕ се во коалиција за голем број прашања, кажа Каевски.