Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на Телеграм објави дека е бесен на изјавата на Украина за смртта на чеченските војници кај Лисичанск.

Кадиров најави „изненадувања“ за украинските „сатанисти“, пренесува РИА.

Кадиров вели дека неговите луѓе успешно ги извршуваат своите задачи.

Според него, во Лисичанска не е убиен ниту еден чеченски војник. Тој најави „изненадувања за украинските сатанисти“ и предупреди дека тоа не се обични закани.

„Оние кои ги следат моите изјави многу добро знаат дека по слични најави не мора долго да чекаат на мојата реакција. Добро се сеќаваат на операцијата „Возмежје“ што неодамна ја изведовме. Уништивме повеќе од 600 луѓе во еден ден. напиша чеченскиот лидер.