„Поранешниот италијански премиер во својот документ вели дека проширувањето мора да оди со постепено вклучување во единствениот пазар. Тој притоа вели дека мораме да формираме таканаречен Солидарен фонд за проширувањето кој би ги покривал трошоците. Ако кај нас завладеат тие правила целосно и се отклонат сите бариери, оние производители кои диктираат сега цени на пазарот, кои се патем безобразни, со влезот во ЕУ ќе влезат во сила низа механизми и регулативи кои значат многу во областа на заштита на правата на потрошувачите“ рече новинарот, Борјан Јовановски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека Солидарниот фонд на Лета го има предвид земено тоа кои економии би можеле да бидат изложени на извесни потреси поради приливот на прехранбени производи кои доаѓаат.

„Друго нешто што го кажува Лета, а што е важно е дека од старт треба да биде јасна пораката, дека не правиме заеднички пазари туку дека политичката интеграција останува многу битен елемент што значи полноправно политички членство во ЕУ. Европската Унија мора да остане политички односно да ја задржи својата улога на битен фактор на меѓународната политичка сцена. Затоа Лета предвидува две битни нови моменти во новиот Буџет на ЕУ кои треба да се одвојат за проширувањето и за одбраната, како одговор на закани, утре Трамп, задутре некој нов Трамп“ заклучи Јовановски.