Во гостувањето на „Клан дебата“, кандидатот за претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ што ги враќа на сцена насилниците од 27 април и Гордана Јанкулоска: „Гледам некни на промоција на Гордана Силјановска, како се викаат овие двајца Игор Југ и, како се вика „Ќосето“, беа присутни. Сега гледам Гордана Јанкуловска ја поддржува Гордана Силјановска. Која е пораката што ја праќаат? Истите навики? Истите луѓе? Истата екипа? Со оној обезбедувањето на Мицкоски што тепаше полицаец, што има индиции дека е учесник во палењето на миксерите на сопственикот на Техно-Павер? Исто така индиции дека тој го истепа советникот во Општина Карпош? Пак покажуваат дека ќе дојдат насилници?“

Кандидатот за претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека се враќа на истите навики, да применува закани кон политичките неистомисленици: „Сега истото ќе го прават, со реваншизми, со апсење, со политички прогони, цело време тоа претат… Тоа ли ни треба нас?“

Наместо закани и промовирање на насилници, Јакимовски побара од ВМРО-ДПМНЕ да им објаснат на граѓаните што ќе направат за економијата и животниот стандард: „Кажете што ќе направите во економијата, кажете како ќе го подигнете животниот стандард?“ , истакна Јакимовски во вчерашното гостување на „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија.