Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 50-годишник од с. Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.
На 30.07.2026 во угостителски објект во с. Чегране, пријавениот ја заклучил влезната врата и им укажал на женски лица, кои работеле во локалот, да побегнат од задниот влез од објектот и на тој начин ги спречил полициските службеници при извршување службени дејствија.