На 04.12.2022 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Стајковци-с.Црешево, скопско, патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(45) од с.Виниче, скопско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

* фотографијата е илустративна