„Ние треба да разбереме кој ни доаѓа. Доаѓа Митилинеос, лидер во Европа, фирма што работи на пет континети. Тие работат во секторите енергетика и металургија и се најголем произведувач на алуминиум во Европа. Има 2050 мегавати инсталирана енергија во вакви постројки во Грција и имаат над 3500 вработени“ рече енергетскиот експерт и прв претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Славе Ивановски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека не може ваквите големи инвеститори да не чекаат ние да ги надминиме нашите фрустрации, бидејќи капиталот ќе го инвестираат на друго место.

„Ваквите големи компании се подложни на правилата кои се следени од берзите и инвестициските фондови. Ако некој компанија влезе во коруптивна шема, тоа ќе биде хаос за нив“ рече Ивановски.

Тој додаде дека Митилинеос и АКУО се одговорни компании кои нема да влезат во коруптивна шема, а должност и на државата е да ги заштити од такви шеми.