„Инвестициите во енергетиката не само што се добри туку се и добредојдени, бидејќи не знаеме во кој миг производството на струја може да биде критично, како што се случи со енергетската криза претходно,“ истакна за Градска.мк, енергетскиот експерт и првиот претседател на регулаторната комисија за енергетика, Славе Ивановски.

Ивановски потенцира дека компаниите кои сакаат да инвестираат во земјава се гиганти во енергетиката на светско ниво, како и дека француската компанија „Акио енерџи“ добива награди за производство на соларна енергија во САД, додека пак „Митилиенеос“ е лидер на европско ниво за обезбедување ретки материјали за обновливи извори на енергија, и во ЕУ развива проекти чија вредност достигнуваат и до 2.7 милијарди евра,и токму затоа Ивановски посочува дека треба да сме почестени што вакви компании ќе инвестираат во земјава.

Според Ивановски ова ја оптимизира нашата инвестиција во интерконекторот Александрополис, а на север ќе не поврзе со Косово и Србија со што не става во добра енергетска положба, бидејќи цените на беразанскиот гас ТТВ во Ротердам ако на дневно ниво се 30 евра за метар кубен, ЕСМ истиот ден во моментот ги набавува за 55-57 евра за метар кубен, а со тоа и топлинската енергија би била пониска.

Ивановски за Градска.мк вели дека она што треба да се направи е надградба на системот кој што треба да ја прими оваа енергија. Тој исто така додаде дека во ЕУ се прилично популарни агро-волтаиците кои би ги градела „АКИО Енереџи“ во Штип. Оваа инвестиција претставува можност за одгледување на земјоделски култури на земјиштето каде ќе бидат поставени и на тој начин се добива вин-вин ситуација.