Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Иванова од СДММ: Само со активни жени можеме европските стандарди да ги донесеме дома

СДСМ креира и реализира политики, проекти скроени за младите, да можат иднината да ја гледаат дома, а не во странство, креира родово балансирани политики за еднакви можности на младите и жените, истакна потпретседателката на СДММ, Марија Иванова на трибината во организација на Форумот на жени на СДСМ, под мотото „Активни жени – напредно општество“ во Дојран.

Таа нагласи дека парламентарно мнозинство предводено од СДСМ го донело Законот за младинско учество и младински политики, кој има важна улога во унапредувањето на квалитетот на живот на младите и формира Национално советодавно тело за младински политики.

„СДСМ преку институциите што ги предводи носи важни решенија за граѓаните, за жените и младите, а честопати дел од тие решенија доаѓаат по предлог на СДММ“, посочи Иванова, додавајќи дека последен пример е иницијативата што СДММ ја покренала за намалување на ДДВ на производите за менструално здравје од 18 на 5 отсто.

„Во однос на младите, СДММ поднесе, а Собранието ги усвои законските измени со кои 40.000 редовни студенти добиваат по 2.400 денари месечно за субвенциониран студентски оброк со можност за искористување кај секој трговец, со што се унапредува економскиот стандард на студентите.

Преку низата мерки, преку привлекување странски инвестции, преку државна помош и активните мерки за вработување, ја намалуваме невработеноста како кај младите, така и кај жените.

Преку директна помош кон младите даваме поддршка за самовработување и отварање на сопствен бизнис – неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за отварање на сопствен бизнис за млади и жени, тука е континуираната поддршка преку ФИТР за старапи и развој на бизниси, како и преку Оперативниот план за вработување“, посочи потпретседателката на СДММ.

Таа подвлече дека младите го препознаваат најдоброто, и не случајно 30 отсто од новите членови кои се приклучиле во СДСМ се млади луѓе, мотивирани и подготвени да работат за добро на државата.

Можеби ќе ве интересира...

Ненси Пелоси е реизбрана во Претставничкиот дом на САД

Vesti +

Младо момче тешко повредено во автобус во Скопје

В+

Илиевски на дебата на ТВ Плус: 20% Кумановци се уште немаат вода, канализација и асфлатирани улици затоа што општината не ги искористи 550 милиони евра од Владата

В+

НАПРАВЕНО ВО СРБИЈА: Русите одобрија „Српски Спутник V“ произведен на Торлак, достапни 550 илјади дози вакцини

Vesti +

СДСМ: Донатори на ВМРО-ДПМНЕ проневериле 1,6 милиони евра во „Криминални парцели“

Vesti +

Вечерва нов земјотрес во Босна

Vesti +