Душко Иванов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која се дискутираше Предлог буџетот за 2027 година се осврна на повеќе теми меѓу кои и социјалната компонента на истиот како и инвестициите.
,,Предлог буџетот за 2027 година е буџет кој се темели на три суштествени принципи: економскиот раст, финансиската стабилност и подобрување на животниот стандард на сите граѓани“, рече Иванов.
Тој се осврна и на социјалната компонента на Предлог буџетот: ,, За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, што претставува зголемување за 4,1% од кои 123,8 милијарди денари се наменети за пензии и раст за 4,8% согласно законското усогласување на пензиите“.
Иванов говореше и за инвестициите, за што кажа дека секое ново работно место и секоја компанија која го проширува производството е додадена вредност за македонската економија.
,,На државата и се потребни конкурентни компании, стабилна деловна клима, предвидлива даночна политика, институции кои ќе бидат сервис на стопанството, а не административна пречка како во претходните години. Поради тоа поддршката на домашното производство, малите и средните претпријатија, земјоделството и извозно ориентираните компании се дел од долгорочната економска стратегија на оваа Влада“, кажа тој и додаде:
,,Нашата политичка определба, политичката определба на оваа влада е јасна да градиме држава со стабилни јавни финансии, посилна економија, повеќе инвестиции и подобри услови за живот“.
фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ