ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Т.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Тој, на 28.07.2026 во својство на параглајдинг инструктор во состав на една параглајдинг компанија, без да и даде потребни инструкции и насоки, договорил тандем лет со параглајдер со А.Г.Б.(37) од Шведска и за време на приземјување кај Струга, таа се здобила со тешки телесни повреди на едната нога, по што била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.