Интервју на “Фронтлајн” со виолинистот Бојан Илкоски: Музиката за мене е дом каде што живее човековиот дух.

Неодамна имаше концерт во Софија, а често го слушаме на нашите концертни подиуми, во различни музички состави – Виолинистот Бојан Илкоски е еден од најпосветените музички уметници, кој виолината буквално не ја испушта од раце.

Направивме интервју, пред сѐ поради успехот којшто го доживеа настапувајќи како солист со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро Свилен Симеонов, концерт кој беше проследен со овации од страна на тамошната многубројна публика, но Илкоски зборува и за генералните состојби во музичката култура во земјава. Роден е во 1992 година, дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко и од тогаш има бројни настапи во земјава, но и во Романија, Србија, Хрватска, Бугарија. Со пијанистот Дино Имери основаа камерно дуо со кое одржува бројни настапи, а во досегашното искуство како виолинист, вбројува и неколку соло-рецитали. Како камерен музичар исто така соработувал со светски реномирани имиња како Франсис Дирој и светски познатиот виолончелист и диригент Марк Копеј.

Целото интервју прочитајте го на Frontline.mk (ЛИНК)