Сергеј Лебедев е руски писател и новинар кој живее и твори во егзил во Берлин. Далеку од Русија, вели дека неговиот дом секогаш ќе биде неговиот јазик – тоа е нешто што останува со вас, кога ќе изгубите се друго. Критичарот на политиката на Путин сонува за нов систем, нова безбедносна конструкција каде нуклеарните сили како Русија нема да можат никого да злоупотребуваат. Неговата проза ги истражува темните дамки на советското минато во кое генерации негови претци се жртви на режимот. Делата на Лебедев се селектирани во најтесниот избор за многу руски и европски книжевни награди. На покана на „Kонтрапункт“ минатиот ноември тој беше во Скопје како дел од дебатата „Литературата во време на конфликт“, на која Лебедев ќе каже- конфликтите во кои живееме ја поларизираат уметничката сцена, но и нè враќаат на значењето на уметноста како алатка за отпор

Интервјуто со Сергеј Лебедев прочитајте го на ТРН.МК (ЛИНК)