Пресретнати биле четири ракети истрелани од Појасот Газа кон израелските погранични области, соопштија Израелските безбедносни сили (ИДФ).

Дел од пресретнатите ракети паднал врз еден магацин во пограничниот град Сдерот. Нема жртви во нападот.

Повеќе од 16.000 ракети биле истрелани врз Израел од страна на палестинската милитантна организација Хамас и други групи од 7 октомври, според израелските податоци.