Ако имате висок крвен притисок, тоа не значи дека треба да престанете да јадете месо! Еве каква диета се предлага во престижното списание за кардиологија.

Намирниците кои го штитат здравјето на срцето се пред се зеленчукот, интегралните житарки, како и масни риби како скуша, туна и лосос. Исто така, треба да ја ограничите количината на индустриски обработена храна која има многу сол и додаден шеќер.

Доколку ви се заканува висок крвен притисок, вообичаен совет е секогаш да имате шарени бои во чинијата, за храната да изгледа како „виножито“. Тоа е потсетник да јадете црвено овошје, зелен зеленчук, многу салати, да внесете и доволно антиоксиданси за заштита на срцето.

Треба да се избегнува скробен зеленчук, а да се зголеми количината на мешунките – грав и леќа. Дозволени се семиња и јаткасти плодови – лешници, бадеми, индиски ореви. Од млечните производи треба да ги изберете оние со малку помал процент на масти.

Генерално се советува да се јаде месо поретко, но новата студија објавена во стручното списание Hypertension покажува дека тоа не треба целосно да се исфрли од исхраната. Напротив, големите истражувања покажаа дека луѓето кои јадат храна богата со протеини од различно потекло имаат најмал ризик од висок крвен притисок.

Ова се однесува на црвено како и живина, но и јајца, риба, грав, леќа и грашок. Се препорачува да најдете најмалку 150 грама од некои од намирниците од оваа листа во два оброка дневно.

Единствената важна забелешка е дека при подготовката на овие јадења не се користи премногу сол, како и дека во исхраната се користат повеќе масти со незаситени масни киселини (маслиново и сончогледово масло), а помалку со заситени (путер и сирење).