Искра Хаџи Василева, избрана од обвинителите да го предводи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, најави дека ќе се посвети на организациските прашања и на поефикасен кривичен прогон. Таа порача дека ќе се спротивставува на притисоци и влијанија.
Пред преземањето на функцијата остануваат формалните чекори. Советот на јавните обвинители треба да ја именува во четврток, по што следува заклетва, а преземањето на раководната позиција од Ислам Абази се очекува кон средината на ноември.