Вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во коментар на социјалната мрежа Фејсубук, директно му реплицираше на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кој го прозиваше вицепремиерот за наводна негова посета на Будимпешта.

„Максо, не ти личи да лажеш и се резилиш вака јавно, освен на телевизија, па да продолжиш да лажеш и вака на Фејсбук а тоа да ти претставува чин за гордеење. Знам дека е поразително, ама јас во Будимпешта не сум бил никогаш во живот и не сум се сретнал никогаш со било кого ниту во Будимпешта, ниту во Унгарија.

Дај кажи им на твоиве, дали ти во Будимпешта договори ВМРО да ти ги даде гласовите на локалните избори на кои стана градоначалник на Куманово? Ама кажи искрен, немој да лажеш пак“ стои во коментарот на Груби кон Димитриевски.