Од попладнево односно 16:30 часот, градот Делчево бил зафатен со големо невреме (врнежи од дожд и град), при што имало поплавени објекти од поројните дождови, соопшти ЦУК.

Невремето е во тек, а сега екипите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Делчево очекуваат да престане дождот за да излезат на терен и да интервенираат.