Градоначалничката на Град Скопје, заедно со претставници од Францускиот културен центар, денеска ја промовираа новата паралелка што го изучува францускиот јазик во средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“.

Промоцијата е на Светскиот ден на храната, па во оваа пригода се промовираа штандови со здрава храна подготвена од учениците, кои покрај здравата храна подготвија и пригодна културно уметничка програма со настап на бендови пред гостите на промоцијата на паралелката на француски јазик. Младите се во фокусот на програмата За модерно Скопје, како и во активностите за вклучување на средношколците во богатата културна програма на Скопје Европска престолнина на културата 2028.