Научниците предупредуваат на 20 здравствени проблеми кои им се закануваат на сите што прележаа ковид-19

Откако беше утврдено дека корона вирусот е системско заболување кое ги погодува речиси сите органи во телото, научниците предупредија дека ќе биде потребно време за да се утврдат какви последици ќе има на тие органи. Сега е спроведена студија, објавена во стручното списание Nature Medicine, која покажа дека луѓето кои имале КОВИД се изложени на поголем ризик и тоам од дури 20 здравствени состојби.

Меѓу состојбите на кои предупредуваат експертите се: мозочен удар, срцев удар, нарушување на срцевиот ритам, згрутчување на крвта…

Оние кои имале потешка форма на болеста, па затоа биле хоспитализирани, имаат уште поголем ризик од овие компликации, предупредуваат научниците.

Според студијата, сите оние кои ја поминале короната, во 72 отсто се подложни на поголем ризик од срцева слабост во следните 12 месеци, додека околу 45 отсто од 1.000 луѓе развиле некоја од овие 20 здравствени компликации, во споредба со луѓето кои немале ковид.

Истражувачите анализирале податоци од повеќе од 11 милиони Американци, вклучително и 154.000 кои се заразиле со Ковид, и откриле дека заразените со вирусот во текот на претходната година имале поголем ризик од 20 здравствени компликации.

Списокот на здравствени проблеми кои се почести кај луѓето со Ковид вклучува: мозочен удар, минлив исхемичен напад (симптоми слични на мозочен удар кои траат краток временски период), атријална фибрилација, синусна тахикардија, синусна брадикардија, вентрикуларни аритмии, атријална фибрилација, перикардитис, миокардитис, акутна коронарна срцева болест, миокарден инфаркт, исхемична кардиомиопатија, ангина, срцев удар, не-исхемична кардиомиопатија, кардиоген шок, белодробна емболија, длабока венска тромбоза и површна венска тромбоза.