На 16.11.2026 во 18:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 43-годишен државјанин на Турција со престој во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ги нападнал неговата 50-годишна сопруга од Скопје и нивниот малолетен син и упатувал закани со остар предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.