Бранко Азески в.д. претседател на Коморскиот Инвестицискиот форум (КИФ) на шесте земји од Западен Балкан, доби известување преку Сојузното министерство за економска соработка (одделение за Југоисточна Европа), дека Владата на Сојузна Република Германија го поддржува Регионалниот фонд за предизвици со дополнителни 3,5 милиони евра и ја задолжува Германската банка за развој (KFW) за спроведување на активноста која ќе биде зокружена со склучување на договор за финансирање.
Досега Владата на СР Германија како наш долгогодишен партнер го подржа Фондот преку четири отворени регионални повици за што Фондот има распределено вкупно 83,4 милиони евра за поддршка на 126 проекти во регионот изминатите пет години.

  • Прв повик – 14,38 милиони евра доделени гранта за 37 конзорциуми
  • Втор повик – 12,2 милиони евра доделени гранта за 27 конзорциуми
  • Трет повик – 7,29 милиони евра доделени гранта за 16 конзорциуми
  • Четврти повик – 12,6 милиони евра доделени гранта за 38 конзорциуми

Процесот на креирање и реализација до целосна финализација, на еден ваков проект е иницијатива на Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан, кој во центар на случувањата ги има Коморите кои одиграа клучна улога во процесот на стручното образование, бидејќи учењето преку работа претставува договор и доверба помеѓу: работодавачите – кои ги поставуваат сегашните и идни потреби од работна сила, коморите – кои треба да изнајдат начин како да излезат во пресрет на работодавачите и образовните институции – да оспособуваат квалитетни и стручни кадри.
Регионалниот фонд за предизвици е основан на иницијатива на Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ), финансиран од Германската банка за развој (KFW), а го спроведува Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, како главен партнер за имплементација.

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) има за цел да ја зголеми конкурентноста на претпријатијата во Западен Балкан 6, преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за проекти за дуално и стручно образование изработени во партнерство на установи за стручно образование и претпријатија. Грантовите се доделуваат по пат на конкурентен регионален предизвик.
Во рамки на проектот, Македонија, вкупно преку сите четири гранта обезбеди поддршка за 17 конзорциуми и тоа за 12 стручни училишта, 5 факултети и 88 компании/организации, во вкупен износ од 7,63 милиони евра.

Фото Стопанска Комора на Македонија