Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по повод меѓународниот Ден на жената 8 Март направи несекојдневно интервју со Ана Јовковска позната по својот општествен ангажман и активизам за правата на жените. Герасимовска ја праша Јовковска за искуството во комуникацијата и јавното говорење и како истото го користи за промени во доменот на родовата еднаквост.

„Да, зборот е многу моќна алатка и тоа е она што постојано го повторувам, да се чуе гласот на секоја една жена. Во мојата 20 годишна новинарска истражувачка работа во различни медиуми за среќа имав можност и да набљудувам, да истражувам на некој начин да ги канализирам женските приказни. Денес тоа активно го правам преку три работи една е пишувањето како некаква би рекла ослободувачка терапија просто. Значи тоа се моите книги кои секогаш се натопени во мастилото баш на женската болка и на женската борба“, истакна Јовковска.

Герасимовски запраша како амбасадор на различни кампањи дали постои момент кој длабоко ја мотивирал Јовковска да се залага за почитување на правата на жените.

„Пред 15 години отприлика во тогашната моја Тв емисија Пулс имав можност да интервјуирам неколку жени коишто беа жртви на семејно родово базирано насилство конкретно она семејно насилство и имав можност нивните стории да ги следам од секоја модринка на телото преку нивните емоционални лузни се до шелтер центрите во кои беа сместени, една од нив се сеќавам дека беше и со малечко дете. Наша одговорност на сите нас којшто на некој начин сме привилегирани е да се бориме за оние чиишто глас е стишан“, истакна Јовковска.

Во разговорот за статусот на жената во општеството и родовата рамноправност Герасимовска ја праша Јовковска што треба да се направи за да се подобри нивниот статус во сите сфери на живеењето.
„Ние мораме да имаме исти можности и загарантирани еднакви права. Значи еднаков пристап до здравствени услуги, секако да работни позиции значи еднаков пристап до пазарот на трудот но и исти плати од друга страна. Значи вклученост на жените во донесување на клучни политички одлуки, лидерски позиции не знам дали спомнав бесплатни гинеколошки прегледи коишто би биле достапни во секое населено место, родителското отсуство, вреднувањето на неплатениот домашен труд знаеме колку жени минуваат време и трошат енергија во грижа за домашните итн и клучно би рекла живот без насилство. Значи тука станува збор и за физичкото насилство како една најбрутална форма, психолошкото насилство, економското насилство па и она што е денес најактуелно дигиталното или сајбер насилството. Со други зборови некаква сигурност за независност кај секоја една жена“, заврши Јовковска.
На крај Јовковска испрати и порака за жените укажувајќи дека жените меѓусебно треба да се поддржуваат.
„ Жените се повеќе треба да се освестуваат тоа дека треба да си бидеме поддршка едни на други да се бориме за некаква женска солидарност. Во однос на одбележувањето на меѓународниот Ден на жената 8 март јас само би препорачала Јас само би порачала да има помалку подароци и пластично цвеќе, а повеќе изборени женски права и женски слободи“, заврши Јовковска.