Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски,по повод празникот Курбан Бајрам во име на партијата и во свое лично име упати честитка до верниците од исламска вероисповед.

„Го честитам празникот на сите граѓани, припадници на исламската вероисповед, со желби за добро здравје, радост, духовен мир и спокој во вашите семејства.

Курбан барјам е празник кој возвишува благородни дела и шири универзални вредности – добрина, милосрдие, хуманост, солидарност, меѓусебно помагање и почитување, кои го прават светот подобро место за живеење.

Да продолжиме заеднички во тој дух, да го унапредуваме нашето општество на еднакви можности во кое културните, етничките и верските разлики се богатство. Честит Курбан Бајрам!“ стои во честитката на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.