Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски се прости со Трајче Нешковски кој попладнево животот го загуби во сообраќајната несреќа на „Рузвелтова“.

-Со голема жал се простуваме од Трајче, наш партиски другар и крајно посветен доктор кој беше тука за пациентите во буквално секое време. Даваше сè од себе работејќи во ковид центарот и периодов помогна на огромен број луѓе. За нас кои го познававме загубата е голема, а уште поголема е за здравствениот систем кој загуби врвен професионалец. Почивај во мир Трајче, напиша Николовски на Фејсбук.

Нешковски при возење доживеал срцев удар и се заби во дрво на „Рузвелтова“. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во „Мајка Тереза“ каде докторите час и половина се обидувале да го реанимираат.

https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2836949309859923