Вчера, во 15.50 часот на ул.„Индустриска” во Битола, полициски службенци од СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(33) од Битола. Тој бил затекнат во магацин на приватна фирма при извршување „тешка кражба“, при што кај него биле пронајдени повеќе одземени предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот, против Е.А. ќе следува соодветна пријава.