Европскиот парламент е подготвен да повика на ограничување на увозот на руска нафта и гас во ЕУ, откако бара уште построги санкции насочени кон „стратешко слабеење“ на руската економија и способноста за водење војна.

За текстот ќе се гласа по обраќањето на претседателот на Украина, Влодимир Зеленски, кој се очекува да се обрати пред Собранието во Брисел преку видео врска.

Во резолуцијата која најверојатно ќе биде усвоена со големо мнозинство, европратениците ја повикуваат ЕУ да ги затвори пристаништата за руските бродови и да го оневозможи пристапот до бродовите што пловат за Русија, со исклучок на оние што носат хуманитарни материјали.

Во резолуцијата се предлагаат и мерки за „ограничување на увозот на најважните руски извозни стоки, вклучувајќи нафта и гас“, пишува британски „Гардијан“.

Другите барања вклучуваат стопирање на сите нови инвестиции на ЕУ во Русија, како и дефинитивна забрана на Северен тек 2, покрај суспендирањето на процесот на одобрување што веќе го започна германската влада.

Членовите на Европскиот парламент бараат сите предложени санкции против Русија да бидат префрлени и на Белорусија, која беше почетна точка за рускиот напад.

Откако украинската влада во понеделникот поднесе барање за итен пристап во ЕУ, резолуцијата ги повикува институциите на ЕУ да работат на одобрување на статусот на кандидат за членство во ЕУ, а истовремено да продолжат да ја интегрираат Украина на единствениот пазар на ЕУ.