Леукемијата е сериозно малигно заболување кое има висока стапка на смртност бидејќи во повеќето случаи се открива предоцна. Иако симптомите се присутни, во повеќето случаи засегнатите лица погрешно ги припишуваат на помалку опасни состојби како што се стрес, замор или исцрпеност. На самиот почеток се појавуваат одредени предупредувачки знаци.

Лекарите особено нагласуваат еден симптом како најраниот знак на леукемија кај возрасните. Тоа е чувство на вртоглавица или зашеметеност. Оваа болест влијае на крвните клетки и на тој начин може да предизвика анемија со тоа што ќе го спречи нашето тело да произведува здрави црвени крвни зрнца. Поради ова, човек може да се чувствува лошо, па дури и да почувствува вртоглавица или одредена количина на зашеметеност, велат лекарите.

Освен вртоглавица, други знаци кои може да укажуваат на леукемија се лесни модринки, склоност кон тешко проодни инфекции, треска, отечени лимфни јазли, крварење на непцата и болки во мускулите или зглобовите.