Две сестри се тепале во шест наутро поради делба на имот. Жена од скопската населба Гази Баба вчера пријавила дека во дворот на нејзината куќа, била физички нападната од сопствената сестра.

„Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, 58-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 06.00 часот била нападната во дворот од нивниот семеен дом на подрачјето на Гази Баба“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.