СВР Штип поднесе кривична пријава против две лица од Штип, на возраст од 20 и 19 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“, како и против 19-годишникот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 01.11.2026 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, 20-годишникот извршил психичко насилство врз неговата мајка. Деветнаесетгодишникот кон крајот на октомври 2026 година во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, додека на 30.10.2026 упатил закани по животот на својата мајка.