СВР Тетово достави известување против двајца малолетници од с.Групчин, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 19.11.2025 на регионалниот пат Тетово – Скопје, кај клучка за с.Групчин, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, кое било управувано од едниот малолетник, кај кого било утврдено присуство на метаболити од тетрахидроканабинол. Додека, пак, при извршен преглед во возилото била пронајдена и одземена марихуана.