Агенцијата успешно ја спроведе и реализира продажбата на вкупно 3 (три) одземени недвижности согласно Јавниот оглас за продажба на одземен имот, која се спроведе по пат на електронско јавно наддавање.

Имено станува збор за 3 недвижности кои согласно правосилната судска предуда КОК – ПП бр. 283/2022 се одземени од г-динот Сашо Мијалков.
Реализираните парични средства од продажбата ќе го зголемат државниот буџет во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244 000 евра.