На 19.06.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје е случена сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(31) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.С.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Нa 19.06.2026 околу 20:55 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, Овче Поле е случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко комбе „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(55) од Свети Николе и паркирано товарно возило „ман“ со светиниколски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од патничкото комбе Л.П.(53) и М.М.(33) двете од Свети Николе, додека со телесни повреди останатите осум патници, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
На 19.06.2026 година во 21.30 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на кичевското село Другово, товарно моторно возило „Ивеко“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.А.(31) Кичево, при разминување, удрил во велосипед управуван од И.С.(52) од село Другово. Истиот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кичево каде, му биле констатирани тешки телесни повреди. По насока на јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршија полициски екипи
На 20.06.2026 во 00:19 часот во СВР Битола пријавена е сообраќајна несреќа на патот Битола – Маково кај с. Логоварди, битолско помеѓу патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(23) од с. Логоварди, патничко возило „форд” со битолски регистарски управувано од А.П.(23) од Битола и сопатник 13- годишник од Битола и патничко возило „мазда” си битолски регистарски ознаки управувано од А.К.(23) од Добромири општина Новаци и сопатничка А.К.(29) од с. Добромири. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите А.П. и А.К., а сопатниците се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. Од страна на полициските службеници лишен од слобода бил возачот Д.Б. бидејќи возилото го управувал под активна забрана за управување со моторно возило. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.06.2026 во 21:35 часот во ОВР Македонски Брод пријавено било дека на регионалниот пат во близина на с. Долни Манастирец , Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „тојота” со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од М.А.(41) од Македонски Брод удрил во пешакот Д.В.(66) од с. Могилец, Македонски Брод при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ЈЗУ Македонски Брод. Увудот го извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...